Триесет и деветгодишник од кумановско бил приведен под сомнение дека со огнено оружје се заканувал на свој сограѓанин во центарот на градот.
– На 22.09.2025 во 16:30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода О.Е. (39) од село Романовце, кумановско затоа што на улицата „ Илинденска“ во Куманово се заканувал со огнено оружје кон Е.С. (22) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски