Со низа настани Куманово и Прилеп заеднички ќе го одбележат „11 Октомври“

Сподели со своите пријатели

Куманово и Прилеп годинава заедно ќе ја одбележат 77-годишнината од почетокот на антифашистичката борба.

Вечерва во Прилеп започнува чествувањето со традиционалната прослава со импровизиран напад на градот и огномет, а утре во Куманово ќе се одржат бројни спортски и културни манифестации.

Ваквото заедничко одбележување на 11 Октомври, се случува за прв пат во историјата. Делегација на Општина Куманово вечерва ќе биде кај својот пријателски град, а тие пак утре ќе бидат гости на градоначалникот Димитриевски.

– Сакам да ја поздравам оваа иницијатива која е резултат на взамено договарање со мојот колега, градоначалникот на Прилеп и верувам дека ова ќе се претвори во една традиција. По 77 години за прв пат изнајдовме заеднички начин да разговараме на темата каде пукнала првата пушка, дали во Прилеп или во Куманово, воопшто тоа е во втор план, во прв план се секако заложбите на нашите предци да живееме во мир и слобода и да имаме сопствена држава, а секако ние сме должни да го почитуваме тоа што тие го сториле за нас во минатото, изјави Димитриевски.

Со отворањето на тридневната манифестација Денови на мед во 10 часот утре на градскиот плоштад ќе започне првиот настан со кој се одбележува Денот на востанието. Веќе во 11 часот започнува турнир во пинг понг во Гимназијата „Гоце Делчев“, додека паралелно во истиот термин свечени делегации ќе положат свежо цвеќе на реконструираниот Спомен констурница.

Со меѓународната велосипедска трка „Трофеј 11ти Октомври“ во 12 часот ќе продолжи чествувањето на празникот, кога спортисти од Македонија,Бугарија и Косово ќе се натпреваруваат по двата булевари во Куманово. Два часа подоцна, со почеток во 14 часот, низ улиците на градот ќе трчаат и стотици атлетичари на традиционалната атлетска трка.

Според најавите на манифестациите во Куманово ќе присуствува и претедателот на Владата на Република Македонија.

Leave a Reply