Со над половина милион гласови Гордана Сиљановска-Давкова е нов претседател на Македонија

Сподели со своите пријатели

Над половина милион гласови освои кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска Давкова на денешниот втор круг од претседателските избори.

Loading...

Вкупно 64,93 отсто од гласачите кои денеска излегле на гласање ѝ го дале гласот, односно 506.955 гласови.

Нејзиниот противкандидат од СДСМ Стево Пендаровски, освои 228.987 гласови, односно 29,33 отсто.

Бројот на неважечки ливчиња изнесува 44.147.

Бројките се врз основа на 91,99 отсто од обработените гласови од страна на Државната изборна комисија.

Никола Ивановски