Нов секс скандал во американските училишта!
Советничка во средно училиште во Пенсилванија со месеци имала односи со 14-годишен ученик во тоа училиште, пишува NY Post.
Сè започнало во есента 2022 година кога Кели Ен Шут (35) седела до жртвата во автобусот додека се враќале од училишна екскурзија.
После тоа, таа почнала да го повикува во канцеларија речиси секој ден, често за време на часовите.
Започнало на пат од екскурзијата
Тие почнале да се допишуваат преку дигиталната платформа на училиштето, а набрзо се преселиле на Snapchat.
Како што соопштија од полицијата, момчето изјавило дека неколку пати имале секс во неговата куќа додека немало никој дома и во нејзиниот автомобил и во нејзината куќа.
Следниот ден ѝ затропале на врата
Така бил откриен скандалот додека се бакнувале во нејзиниот дом.
Еден член од нејзиното домаќинство го забележал тоа и влетал во собата и го избркал тинејџерот.
Вториот истрчал на улица и се сокрил зад паркиран автомобил, каде ги чекал родителите да дојдат да го земат.
Потоа им признал се, а тие отишле во полиција.
Вториот ден полицијата тропнала на вратата на Кели Ен Шут и ја однеле во притвор.
Училиштето ја суспендираше
На мобилниот телефон се пронајдени фотографии и докази дека биле во врска, тврдат обвинителите.
Судијата одреди кауција од 25.000 долари, а Кели ќе биде обвинета за повеќекратни точки за сексуален напад врз лице помладо од 16 години и се соочува со повеќегодишна затворска казна.
Штом било откриено дека е во притвор, училиштето ја суспендирало до завршување на случајот.
– Нема да го коментираме случајот пред конечната пресуда, но нагласуваме дека ставот на училиштето е дека несоодветните контакти меѓу училишните службеници и учениците се нешто што не може да се толерира – велат од училиштето.