Со „Ле кретен“ вечерва продолжува МТФ „Денови на комедија“

Сподели со своите пријатели

Со претставата „Ле кретен“ на Театар Штип вечерва во 20 часот продолжува Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“.

Loading...

Како што информираат од НУ Центар за култура „Трајко Поркопиев“ билети за оваа претстава се достапни на билетарницата и граѓаните ќе можат да ги купат по цена од 200 денари во текот на денот, или вечерва пред почетокот на претставата.

Во претставата играат: Миле Вратеовски, Елена Шорова – Дербов, Пеце Ристевски, Анѓелка Нашкова, Владимир Тулиев и Даријан Петров.

Режисер е Никола Ристов.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Започна новогодишното украсување на Куманово (ФОТО+ВИДЕО)