25.06.2019 08:39

Со кујнски нож си ја убил сестрата, а реакцијата на мајката е неверојатна


Водител на британската утринска програмат „Добро утро, Британијо“, Пирс Морган интервјуирал затвореник во Тексас, психопат кој на 13 години ја избол четиригодишната сестра, поради што се осуден на казна затвор од 40 години. Тоа е најголемата казна за малолетник во државата.

Бенет, кој денес има 25 години, дури 17 пати ја избол сестрата со кујнски нож додека спиела во својот кревет.

loading...

Психопатот со дијагноза вели дека сакал да ја казни мајката на најлош можен начин, знаејќи дека ќе ги изгуби, не само ќерката Ела, туку и него, откако ќе го стават зад решетки.

Документарниот филм „Психопат“, открива дека мајката Черити, која има уште едно дете, му простила на Бенет за неговиот болен злочин.

– Тој е човечко суштество. Знаеше да биде фин, пријатен, љубезен. Парис е многу шармантен кога тоа сака да биде. Сакам да кажам, тој не е психопат.

Со коефициент на интелигенција 141, Бенер е генијалец, но дијагностицирана му е психопатија, што значи дека го карактеризираат екстремни егоцентричност и неспособност да сака. Меѓутоа, за неколку години ќе биде условно ослободен, што ја загрижува Черити, која дури откако тој завршил во затворот дознала дека неговиот план бил насочен против неа.

– Со години во мојата утроба постоеше само таа врема, племена грутка гнев, насочена кон мојата мајла. Една од причините што одлучив да ја убијам сестрата, а не некој друг, беше тоа што знаев дека така ќе и нанесам најголема болка. Отсекогаш сум знаел дека најлошо што би можело да и се случи е губење на децата, а јас најдов начин да и ги одземам двете со само еден удар, рекол тој на новинарот.

Додека Черити била на работа во локалниот бар, Бенер и рекол на бебиситерката дека може да си замине порано. Влегол во собата во која спиела неговата четиригодишна сестра и ја нападнал, ја удирал и давел, а потоа ја избодел 17 пати.

По суровиот злочин го повикал другарот, со кој разговарал пет-шест минути, а дури потоа и со полицијата, која дошла да го приведе.

Бенет е осуден на 40 години затвор, што е најстрога казна за малолетници во Тексас, а може да биде услово ослободен во 2027 година.

loading...

Запрашана дели ќе се обиде да ја убие, Черити вели:

– Да. Мислам дека со оглед на околностите тоа повторно би го направил и натмау се плашам за Парис, но можно е да го сакам и да му простам, иако се плашам да кажам, вели таа.

Меѓутоа бенет трди дека нема да го стори тоа.

Image by PublicDomainPictures from Pixabay


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments