Со концертот на Борис Новковиќ започна прославувањето на 11-ти Ноември (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Со концертот на легендарната хрватска музичка ѕвезда Борис Новковиќ започна прославата на 71 година од ослободувањето на град Куманово.

Loading...

[huge_it_gallery id=”225″]

Чест да го отвори овој традиционален концерт имаше добро познатиот кумановски пејач Нино Величковски, а веднаш по него на големо задоволство на присутните на сцена излезе и Новковиќ.

Пред кумановската публика само се редеа хитовите на хрватската легенда. Некои се потсетија на својата младост преку дел од постарите хитови, а во добрата забава уживаа и младите генерации.

Свое обраќање пред кумановци имаше и градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски кој се наврати на сите настани кои ја одбележаа оваа година, од поплавите, вооружените дејствија од населбата Тоде Мендол, како и бегалската криза. Дамјановски на сите граѓани им го честиташе празникот и им посака просперитетно и успешно слободно Куманово.

Loading...

По свеченото обраќање на градоначалникот следуваше традиционалниот спектакуларен огномет кој неколку минути го осветлуваше небото над Куманово.

[huge_it_gallery id=”226″]


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.