08.05.2015 16:57

Со хепенинг на градскиот плоштад: Одбележан денот на Европа (видео и галерија)

Facebook Twitter Google+

Во организација на општинскиот сектор за меѓународна соработка и ЕУ Инфо Точка , денес во Куманово беше одбележан 9 Мај – Ден на Европа. На настанот присуствуваа и амбасадорите на Шпанија и Австрија, а за културно уметничката програма се погрижија деца од кумановските училишта и градинки.

 

loading...

Музичкиот хепенинг го отвори градоначалникот на Општина Куманово кој истакна дека Куманово по десетти пат е домаќин на ваква манифестација кога Европа го прославува својот ден и 52 години од европското обединување.

– Во име на градот домаќин, ги поздравувам и нашите гости, амбасадорите на Шпанија и Австрија, т. е држави кои даваат голем допринос во интеграција на Македонија во Европска Унија, истакна Дамјановски.

Драго ми е што денес сум во Куманово, и благодарам на поканата на градоначалникот и локалната самоуправа што сум дел од славеничката атмосфера, истакна денес Амбасадорот на Шпанија во Македонија, неговата екселенција Рамон Абароа Каранза.

Свое обраќање имаше и Амбасадорот на Австрија, неговата екселенција Томас Михаел Бајер.

– Драго ми е што денес сум овде, посебно што мојата држава Австија, оваа година на 9 мај слави 20 години од пристапноста во Европска Унија, истакна Бајер.

Денешниот хепенинг го следеа голем број родители, а на штандовите поставени по повод денешната прослава, граѓаните можеа да ги разгледаат промотивните материјали за волонтирање на младите во државите од Европска Унија, како и образовни програми кои се нудат во тие држави.

loading...

© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments