Со голема прослава Српската заедница ќе одбележи 103 години од Кумановската битка

Сподели со своите пријатели

По повод 103 години од Кумановската битка, српската заедница во Република Македонија и регионалната организација од Куманово ќе го одбележат овојот значеаен истористи датум на 25-ти октомври на споменикот на паднатите борци Зебрњак во општината Старо Нагоричане.

Loading...

Манифестацијата ќе започне во 11 часот, а за сите заинтересирани кои ќе сакаат да присустуваат на настанот регионалната организација на српската заедница од Куманвоо организира и бесплатен превоз со тргнување од ул. „Октомврска револуција“, поточно пред ординацијата на др. Ѓоше во девет часот.

Пред споменикот Зебрњак ќе бидат положени венци и свежо цвеќе, а со едноминутно молчење ќе им се одаде почит на сите оние кои загинале во оваа битка.

На прославата ќе присуствуаат претставници на политичките партии и невладините организации од земјава, но и граѓани од Република Србија, како и претставници на српската амбасада.

Прославата ќе има и драмски настап на умтеници од Српскиот народен театар, информира Горан Зафировиќ, претседател на Српската заедница во Република Македонија.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.