Со години ја малтретирале на училиште, па на матура пристигна со 126 бајкери (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Шеснаесетгодишната Клое Робсон од Британија, која со години трпела врсничко насилство на училиште, на прославата на матурата пристигна во придружба на повеќе од 120 бајкери.

Клое трпела насилство од својата седма година и поради тоа нејзиниот чичко Грант Робсон одлучил да и подготви спектакуларен настан пред матурската забава.

Loading...

Грант, кој ја вди групата за поддршка „Bikers Against Bullies“ организирал 126 моторџии да ја испратат Клое на забавата, за да и ја кренат самодовербата и да и го разубават денот.

– Бев прилично нервозна поради одењето на матруската забава и не знаев што можам да очекувам, рекла Клое.

МАСОВНА ТЕПАЧКА НА СВАДБА: 50 сватови се тепале 20 минути (видео)

Додека таа излегувала од автомобилот, бајкерите биле зад неа.

– Беше тоа голем шок кога ги слушнавме моторите и кога се појавија мотоциклистите. Не очекував да ги има толку, но ми годеше нивната поддршка. Мојата самодоверба порасна, навела Клое.

Како што расажала оваа девојка, бајкерите ја испратиле до училиште, а потоа добиле и аплауз од сите присутни.

Leave a Reply