Со „фиат“ удрил во велосипедист од Куманово и избегал

Сподели со своите пријатели

Седумдесет и едногодишен кумановец се здобил со тешки повреди откако во него удрило возило „фиат“ чиј возач го напуштил местото на незгодата.

Loading...

– На 24.08.2023 околу 07.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, на подрачје на Куманово, патничко моторно возило „фиат“ удрило во велосипед управуван од М.Ј.(71) од Куманово и го напуштило местото, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, по несреќата, М.Ј. бил пренесен во Медицински центар Куманово каде му била констатирана тешка телесна повреда.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски