Со фалсификувани документи турски државјанин приведен на Табановце

Сподели со своите пријатели

Државјанин на Турција бил приведен на Граничниот премин Табановце со фалсификувани документи, а кој претходно влегол во земјава преку скопскиот аеродорм.

Loading...

– На 29.02.2020 во 13,45 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од Република Северна Македонија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ лишен од слобода бил O.Д.(21) од Република Турција со белгиска патна исправа, информираат од Министерството за внатрешни работи.

При извршена дополнителна контрола била пронајдена и белгиска возачка дозвола со исти податоци од патната исправа.

– Од извршените проверки било констатирано дека влез во Република Северна Македонија имал остварено на 26.02.2020 на Граничниот премин “Меѓународен аеродром Скопје“ со негова турска патна исправа, појаснуваат од МВР.

Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Никола Ивановски

Leave a Reply