Со ексер во срцето примен на Ургентен центар: Лекарите во шок, не им е јасно како е жив (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Маж со ексер во својот граден кош и срцето дошол во болница со автомобилот и уредно се паркирал пред да се јави на одделението за Итна помош, пишува агенцијата „АП“.

Бергесон правел камин во својот дом кога ексерот испукан од автоматскиот пиштол се одбил од дрвото и се забил во неговите гради.

Мислев дека само малку ме закачи, но не видев добро. Се чувствував добро, но кога ја подигнов мајцата видов само сантиметар или два од долгиот ексер низ моите гради. Останатиот дел беше длабоко внатре. Видов како се помера во ритамот на моето дишење и чувствував како ме боде со секое отчукување на срцето – раскажал Бергсон, кој живее во северосточниот дел на Висконсин.

Вели дека повеќе бил изнервиран отколку загрижен.

Бев фрустриран што морам сега во Итна помош. Разумот ми велеше да не го вадам ексерот – вели тој.

Loading...

 

Потоа се измил, седнал во автомобилот и заминал во болница. Она што е уште почуедно, е што сосема уредно се паркирал пред да влезе во Итната помош.

Др. Александер Роитстај се уверил дека ексерот го погодил срцето, но бил милиметар-два од главната артерија.

Милиметри го делеа од смртта – вели лекарот за овој неверојатен случај.

Го пофалил Бергсон што не се обидел самиот да го извади ексерот. Откако му го извадиле, Бергсон поминал два дена во болница, по што заминал на домашно лекување.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.