Со целодневен фестивал на Спомен Костурница ќе се обележи крајот на летото во Куманово

Сподели со своите пријатели

Утре (сабота, 18 септември 2021) на кумановскиот Споменик Костурница ќе биде одржан целодневен фестивал.

Loading...

Почеток на фестивалот е планиран во 11:00 часот со групна изложба на 12 уметници под фестивалски назив `Дузина`, а ќе бидат изложени дела на Никола Радуловиќ, Стефан Анчевски, Ѓорѓи Антевски, Марија Јовановска, Игор Манојловски, Ангел Миов, Далибор Тренчевски, Кристина Хаџиева, Часлав Марковиќ, Кристина Божурска, Марјан Јаневски и Александар Симоновиќ-Симо.
Пладневниот дел од фестивалот ќе биде проследен со DJ сетови на Никола Наумовски, Игор Калц и Антонио Димитриевски.

Вториот (попладневно-вечерен) дел на фестивалот е планиран да започне во 17:00 часот со танцов перформанс на танцово студио „Ултра”, како и концерти на Авелина, КИ, ПМГ Колектив, Д.Н.О., а завршеток на фестивалот ќе биде со DJ сет на Dado K & Mamli.

Влезот ќе биде со донација, а публиката ќе може да присуствува согласно важечки здравствени протоколи за настани на отворено.

Организатор на фестивалот е Wire Entertainment (Ваер Ентертејнмент) од Куманово.