Со бесправно градење стекнале противправна имотна корист од над 24 милиони

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против А.М.(52) од Куманово управител на ДГПТУ „Стан Арт“ ДООЕЛ Куманово, правното лице ДГПТУ „Стан Арт“ ДООЕЛ Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ и Т.С. (38) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и „фалсификување на службена исправа“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Првопријавениот како управител на второпријавениот во текот на 2012 и 2013 година извеле градежни работи и изградиле градба за колективно домување со посебни стамбени единици наменети за продажба со која постапиле спротивно од основниот проект изработени од второпријавеното лице, а со тоа и спротивно на одобрението за градба.

Прво и второпријавените уште во фаза на градба извршиле продажба на 10 стамбени единици, заеднички простории и гаражни места на повеќе лица од Куманово со кои биле склучени преддоговори, а потоа и договори за продажба на становите со што се стекнале со противправна имотна корист од 24.496.748 денари.

Третопријавената како архитект и главен надзорен инжињер постапила спротивно на Законот за градење со што пропуштила должен надзор на предметните објекти со што им овозможила да се стекнат прво и второпријавените со противправна имотна корист, а при тоа по извршениот технички преглед на градбата изготвила и со свој потпис и печат заверила два извештаи за извршен технички преглед во кои навела невистинита содржина и податоци кои се однесуваат на тоа дека градбите биле изградени согласно основниот проект и нема недостатоци кои требало да бидат отстранети.

По ова, во Секторот за урбанизам-општина Куманово извештаите биле употребени во постапка за запишување на градба во јавна катастарска книга на недвижности.