Со „Бегалка“ вечерва завршува фестивалот „Денови на комедија“

Сподели со своите пријатели

Со претставата „Бегалка“ од Васил Иљоски, а во изведба на кумановскиот театар, вечерва завршува 22то издание на меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ кој се одржува во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Loading...

Претставата која вечерва од 20 часот премиерно ќе биде изведена пред кумановската публика, е во режија на Ѓорѓи Ризески.

Според Ризески предствата е направена на посовремен начин и публиката ќе ужива во неа.

– Нашата „Бегалка” како тема не ја обработува само бегалката која бега затоа што не ѝ е остварена љубовта, туку затоа што бега и од едно цело општество. Мислам дека можеме да сме горди и да уживаме во неа. Нашата „бегалка“ бега од еден систем кој и забранува да живее и да постои како што сака таа, а и тоа беше целата идеја: дека можеби од денешен аспект, треба да се занимаваме со тоа што го сакаме и да го оствариме тоа што го сакаме во нашиот живот и да успееме да живееме како што сакаме. Затоа што сепак еднаш се живее –  вели режисерот Ристевски.

Улогата на Бошко ја игра Марко Трајковиќ, а  Ленче Кумановче  младата актерка Владанка Димковска.

– Ова беше многу убав процес, еден од поубавите во коишто сум учествувала, бидејќи навистина се живееше и се работеше театарот, во вистинска смисла на зборот со цела енергија и желба оваа претстава да ја проживееме на сцената. По малку и сум уплашена, бидејќи одговорноста е голема. Сепак, направивме една „Бегалка“ која покажува дека на крајот доброто е најважното, дека љубовта е мотив и дека треба да се бориме за тоа што го сакаме, затоа што само така вреди да се живее“- рече Димковска.

За директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“ Сашо Тодоровски претставата е интересна и магична и ќе се игра долго во кумановскиот театар.

Во претставата ќе играат актерите: Тони Михајловски, Сања Русевска, Марко Трајковиќ,  Александра Михајловска, Нина Максимова, Антонио Димитриевски, Дубравка Киселички, Владо Дојчиноски, Жарко Јовановиќ, Мирослав Петковиќ и Љупчо Хаџи Стојанов.

Loading...

Претставата е посебно направена во ќест на 500-годишнината од постоењето на градот што се одбележува оваа година, а поради огромниот интерес веќе е распродадена и првата реприза кој ќе биде во петок.

Leave a Reply