Со авионско засејување на облаците државата ќе се справува со природни непогоди

Сподели со своите пријатели

Владата вчера го донесе новиот текст на Уредбата за дополнување на Уредбата за доделување на техничката поддршка во земјоделството и руралниот развој, во која е додадена нова подмерка “Услуги за авионско засејување на облаците за превенција од природни непогоди и неповолни климатски настани врз земјоделски посеви “.

Loading...

Со овој вид на заштита од природни климатски непогода како што е градот се постигнува најефикасен систем за превенција и неколку кратно поекономичен систем од старите ракетни системи.

Проценетата вредност за набавка на услугите е 90 милиони денари, што е неколкукратно поекономично од инвестициите во ракетен систем чија проценета вредност за инсталација и одржување е еднократна инвестиција од 1 милијарда и 200 милиони денари и дополнителни трошоци за одржување и набавка на материјали од 300 милиони денари на годишно ниво.

Leave a Reply