Со 340.000 евра се врши целосна реконструкција на кумановската Гимназија (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

По три децении кумановската Гимназија „Гоце Делчев“ добива целосна реконструкција тешка околу 340.000 евра.

Loading...

Нови прозорци, мебел, надгледни средства, информатичка опрема, но и реконструкција на фасадата и спортската сала се дел од проектите кои веќе се во тек.

– Во тек е реализација на еден голем проект вреден околу 21 милион денари. Средствата се обезбедени од Општина Куманово. Се работи на замена на целата столарија во училиштето каде што се поставени прозорци со висок квалитет со четири сезони, три комори. Тоа веќе целосно е завршено, сега во тек е менување на кровната конструкција којашто може да кажеме дека е 80 отсто досега завршена работата и се работи на поставување на енергетска ефикасност на фасадата, изјави Марија Тодоровска, директор на СОУ Гимназија „Гоце Делчев“.

 

 

Гимназијата е едно од првите училишта во Куманово што некогаш добиле спортска сала. Со текот на годините подот беше оштетен на одредени места. Сега тоа ќе стане минато, оти со проектот се предвидува целосна замена на подната површина, бојадисување на ѕидовите и поставување на нова електрика.

– И тука во спортската сала ќе има замена на кровната конструкција со квалитетни сендвич панели. Во меѓувреме заврши тендерот за набавка на информатичка опрема менување на врати на училници, купување на училишен мебел, нови столчиња со висок квалитет, така да во целост ќе биде реконструирано целото училиште, рече Тодоровска.

Loading...

 

 

Минатата година во училиштето беше направена замена на санитарните јазли, а беа доопремени сите училници.

 

 

Но, модернизирањето на оваа училиште нема да запре годинава. Проекти и планови имаат и за следната.

Loading...

– Во наредниот период предвидени ни се и во наредната календарска година и подните површини да ги замениме и уште еден проект за кој имаме изработка на целата документација, но само средствата ако можеме да ги обезбедиме, а тоа е поставување на лифт и за ученици со пречки во развојот, додаде Тодоровска.

 

 

Инаку, последната поголема реконструкција на училиштето е направена во осумдесетите години на минатиот век.

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

Никола Ивановски / Стефан Младеновски