Кошаркарите на Куманово го загубија првиот полуфинален меч кој вечерва го одиграа на гостински терен против составот на МЗТ Скопје Аеродром со резултат 71:51.
Далеку подобриот состав на скопскиот тим со голем број странски играчи целосно доминираше над само 7те кошаркари кои на располагање ги има тренерот на Куманово, Марјан Србиновски во текот на целите 40 минути игра.
Првото полувреме кумановци парираа на минатогодишниот шампион и на пауза заминаа само со три поени негатива, односно резултат 35:32. Но, по кратката пауза кошаркарите на МЗТ летнаа во небото. Убедливо ја добија третата четвртина од средбата со 26:12.
Клучните моменти ги пресуди серија од 8-0 со која домашниот состав ја забетонираше својата победа откако резултатот стана 46:34 и скоро недостижен за екипата на Куманово. Последните 10 минути од средбата и двата тима со малку погодоци, но доволно МЗТ да поведе со 1-0 во полуфиналните мечеви.
Најдобар во составот на Куманово беше капитенот Марјан Јанески со 13 поени, а со еден поен помалку зад него е американскиот плејмејкер Јонел Браун. Во составот на МЗТ со 17 брилираше Дреновац, со 14 Лалиќ, а 12 поени реализираше Мекиќ.
Следниот меч се игра веќе во недела во 18 часот во Спортската сала во Куманово, а финалист ќе биде оној состав кој прв ќе обзбеди три победи.