Со 116 години оваа жена е прогласена за најстара во светот

Сподели со своите пријатели

Кане Танака од Фукуока во Јапонија, официјално е прогласена за најстарата личност во светот со 116 години и 66 дена.

Loading...

За време на церемонијата за прогласување во нејзиниот дом, Кане добила сертификат со кој се потврдува дека е најстарата жива личност во светот. Родена е на 2 јануари 1903 година, истата година кога браќата Врајт станале првите кои полетале.

Како седмо дете на Кумакичи и Кума Ота, Кане се омажила за Хидео Танаку на 6 јануари 1922 година, четири дена откако го прославила 19 роденден.

И покрај тоа што никогаш не се виделе пред венчавката, што не било невообичаено во Јапонија во тоа време, двајцата имале четири деца и посвоиле пет. Хидео водел семеен бизнис ипродавај ориз и нудли.

Откако Хидео бил повикан во војна во 1937 година за време на Втората Сино-Јапонска војна, Кане повеќе се вклучила во семејниот бизнис со ориз, а правела и колачи додека се грижела за децата и свекрвата.

Нејзиниот првин син Нобуо се приклучил во војската во 1943 година и бил заробен од страна на руски војници во Втората светска војна, а во Јапонија се вратил во 1947 година.

Loading...

И покрај тоа што имала низа сериозни операции, вклучувајќи операција на катаркта и колоректален рак, Кане сега живее мирен живот во својот дом во Фукуока.

Секое утро станува во шест часот и претпладне обично се занимава решавајќи математички задачи. Сака да игра социјални игри и неретко ги победува домашните. За време на церемонијата добила кутија чоколади која веднаш ја отворила и започнала да јаде.

Кога ја прашале колку чоколади дневно би сакала да јаде, таа рекла „100“.

Таа е шест години помлада од Жан Луис Калмет која починала на 4 август 1997 година кога имала 122 години и 164 дена.

Моментално најстариот маж во светот повторно се бара откако Масазо нонака почина на 20 јануари годинава на 113 години и 179 дена.

Leave a Reply