Поранешниот соработик на американската Национална безбедносна агенција (НСА), Едвард Сноуден денеска поднесе барање за руско државјанство.
Сноуден во 2013 година доби постојан престој во Русија. Тој а Твитер напиша дека сака да го задржи и американското државјанство.
Барањето за руско државјанство Сноуден го поднесе откако неговата сопруга Линдзи Милс објави дека е бремена.
Сноуден во 2013 година најде засолнипште во Русија откако побегна од САД, каде се соочува со обвинувања за шпионажа бидејќи откри глобална програма за прислушување и следење ширум светот.
Американскиот претседател Доналд Трамп во август најави дека е можно помилување на Сноуден, кој се соочува со 30-годишна затворска казна поради шпионажа.
Сноуден, на кого му е одземен американскиот пасош на барање на Вашингтон, пристигна во Москва во мај 2013 година од Хонг Конг и планираше да се засолни во Јужна Америка. Но беше блокиран во Русија каде доби азил.
Марина Илиевска