Снимки со дрон од градовите во Сирија и Турција: „Не остана ништо“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Бројот на загинати во двата разорни земјотреси што вчера го погодија јужниот дел на Турција и северозападна Сирија се искачи на повеќе од 4.800.

Loading...

Земјотресите зад себе оставија илјадници повредени луѓе, како и оние кои останаа без покрив над главата бидејќи цели станбени области беа срамнети со земјата.

Огромната спасувачка операција сѐ уште трае. Студеното време ги попречува спасувачите во потрагата по преживеани.

Првиот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала се случи ноќе на студено време во провинцијата Кахраманмарасу на југоисток, на околу 60 километри додека врана лета од сириската граница.

Следеа десетици послаби земјотреси, а попладнето се случи уште еден со јачина од 7,5 степени во југоисточна Турција, пренесува Индекс.

 

 

Loading...

Градовите во Турција и Сирија беа срамнети со земја. Провинцијата Хатај, која се наоѓа на границата со Сирија, беше една од најтешко погодените од земјотресот.

Турските медиуми јавуваат дека делови од покраината изгледаат како воена зона.

 

 

Тешко погодени се и Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Адана, Адијаман, Малатија, Османије и Килис.

Страшна ситуација во Сирија

Целосно срамнети со земја беа и градовите во Сирија. Повеќе од 4,5 милиони луѓе живеат во областа погодена од земјотресот и претходно тешко уништена од војната. Провинцијата Идлиб беше најтешко погодена.

Loading...

„Најпрво мислев дека хеликоптери фрлаат бомби. Се разбудив и отидов да го земам мојот син“, рече Исмаил Алабдула (36), волонтер за спасување на „Бел шлем“ од селото Сармада.

 

 

„Навикнати сме да ги извлекуваме луѓето од урнатините, но ова е поинаку. Толку многу луѓе сѐ уште се заглавени и ќе умрат затоа што немаме доволно опрема за да стигнеме до сите нив. Ништо не остана, апсолутно ништо“.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.