Камерите снимиле несреќа во Виетнам, кога дете за малку ќе било прегазено од шлепер.
Loading...
Имено, во таа земја е вообичаено цело семејство да се вози на скутер – татко, мајка и дете, и тоа често без заштитна опрема.
Скутерот со кој се возело семејството имало лесен контакт со автомобил, а во тој момент мајката и детето паднале од скутерот во моментот кога се разминувале со шлепер.
Реакцијата на мајката остава без здив. Жената во моментот се снашла и со своето тело го заштитила детето и го извлекла од под тркалата.