Експлозии го потресоа украинскиот главен град и неколку други украински градови во понеделникот, откако рускиот претседател Владимир Путин ја обвини Украина за терористички напад на мостот што ги поврзува Русија и Крим, што поттикна повици за одмазда од високите функционери во Москва.
Според итните служби во Киев, има загинати и повредени.
Во понеделник наутро експлозии беа регистрирани и во Лавов, Тернопил и Житомир во западна Украина и во Днепар во централна Украина.
Еден твитерџија на оваа социјална мрежа додека возел автомобил го снимил моментот кога ракетата паѓа врз Киев.
На видеото се гледа моментот на експлозијата и густ чад што се издига од центарот на Киев.
Russia has taken off the gloves.
They’re taking out decision making centers right in downtown Kiev. pic.twitter.com/3JdrOW5UfZ
— Rosie’s Rogue Nation (@DarnelSugarfoo) October 10, 2022
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.