Снимен дух покрај гробница: Апаратите полуделе кога се појавила мистериозна сенка (видео)

Сподели со своите пријатели

Шон Рејнолдс и Ребека Палмер, ловци на духови снимале во Градскиот музеј Лидс во гробницата на древниот свештеник Несјамун, кога снимиле „сенка“ која шета по собата.

Кога се појавил наводниот дух на човек кој е мртов 3.000 години, електронската опрема во собата започнала гласно да пишти.

Целата опрема полуде, а тоа се случува само ако нешто ги покренува алармите. Џејн, нашата снимателка ја видела сенката, ние во почетокот не верувавме. Кога зпаочнавме да го монтираме видеото, се молевме тоа што го видела со своите очи да се гледа и на снимката. Врвот на сенката беше во форма на шилеста качулка и одеше кон гробот од десната страна. Тоа е гробница на свештеник кој се вика Несјамун. Дефинитивно мислам дека тоа би можел да е нговиот дух- рекол Рејнолдс.

Додава дека според негови сознанија доста активности биле пријавени околу гробот на овој свештеник во музејот.

Колку и да верувам во паранорламното, сакам да бидам скептичен, така да првата работа која ја правам кога нешто ќе снимиме, се обидувам тоа да го отфрлам. За да некој од нас ја направи таа сенка, би морало светлоста да е зад нас, но не беше така – додава тој и вели дека кога нешто е тука, дефинитивно тоа можете да го почувствувате.

https://youtu.be/VILzlk5CEf4

Loading...