Снегот побеле делови од Европа: Интензивно паѓа и на Алпите (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Силна промена на времето зафати многу делови од Европа.

Loading...

Во Австрија снежните врнежи предизвикаа застој во сообраќајот, а на граѓаните им се препорачува да избегнуваат непотребни патувања.

Според предупредувањата, во наредните денови временската состојба би требало да се влоши.

Локално се очекуваат обилни дождови и налети на ветер, а откажани се и бројни настани на отворено.

Поради обилни снежни врнежи во Салцбург и Корушка затворен е дел од пругата.

Зафатена е делницата помеѓу Бишофсхофен и Спитал, а возовите се заменети со автобуси.

 

Loading...

 

Поради лошите услови на патиштата и паднатите дрвја, затворени се повеќе патни делници.

Тамошните експерти објаснија дека топол воздух од медитеранската област се движи во спротивна насока од стрелките на часовникот кон Централна Европа, каде што се среќава со студени воздушни маси.

Ова подоцна создава големи количини на врнежи, според Клајн Цајтунг.

Многу корисници на социјалните мрежи споделуваат фотографии и видеа од снегот што ги побеле скијачките центри и градовите на Алпите.

 

 

Loading...

ADAC, германскиот автомобилски клуб, истакнува дека од денеска до недела, 15 септември, метеоролозите очекуваат значителни врнежи од снег на Алпите над 1000 метри.

Според временската прогноза, во Германија најверојатно ќе наврнат од пет до 25 сантиметри свеж снег во зависност од надморската височина.

На највисоките височини можна е и над 30 сантиметри снег.

ADAC предупредува дека возачите во пониските области мора да бидат подготвени и за прекини во сообраќајот.

Имено, обилните врнежи можат да доведат до лизгање на земјиштето и поплави.

Германската метеоролошка служба (DWD) издаде предупредување за снежни врнежи за областите Обералгау, Осталгау, Гармиш-Партенкирхен, Бад Толц-Волфрацхаузен, Мизбах, Розенхајм и Траунштајн. Предупредувања има и поради дожд.

 

Loading...

 

Интензивниот почеток на зимските услови е посебен предизвик за возачите, особено ако се уште возат со летни гуми.

Во Германија зимските гуми се задолжителни во зависност од ситуацијата.

Возачите мора да поставуваат зимски гуми ако сакаат да го возат својот автомобил во зимски услови на патот – без оглед на сезоната.

Во меѓувреме, времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Наместа во западните и источните делови ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи и силен ветер (над 70 km/h).

Loading...