На Фејсбук страницата Дневна доза на просечен далматинец се појави видео од граничниот премин Брегана во Хрватска, кое насмеа многу луѓе.
Еден од патниците кој се најде во долга колона сними човек како се тушира, покрај неговиот караван.
– Силно лудило – напишаа администраторите на страницата во описот на видеото, а смешните коментари почнаа да се следат.
Додека некои се шегуваа на сметка на младиот човек, други рекоа дека целосно го разбрале неговиот потег, бидејќи долго време се чекаше во редовите поради големата жештина.
– Не ми е јасно зошто некои се смеат, на овој метеж во сообраќајот и на страшната топлина, кој знае од каде вози момчето и колку вози. Не е фер некои да се смеат – гласи еден од коментарите.
Други, пак, изјавија дека целосно се согласуваат со него.
– Го разбирам. Јас го правам тоа до камионот секој ден. Едноставно и корисно – напиша друг следбеник на страницата.