Смртта на Дајана крие уште една тајна: Возачот на белиот “Фиат” последен ја видел принцезата жива, а потоа исчезнал!

Сподели со своите пријатели

Поминаа веќе 20 години од кобната ноќ на 31-ви август 1997-ма година кога Хенри Пол ги возеше принцезата Дајана и нејзиното момче Доди Фајед, како што подоцна се испостави, во директна смрт.

Возењето завршило трагично во тунелот Pont de l’Alma, но и до ден денес се шпекулира за вистинската причина за несреќата. една од теориите која никогаш не беше расветлена до крај се занимава со учеството на белото “фиат уно” кое никогаш потоа не беше пронајдено.

Официјално, причината за несреќата се води како несовесно возење на Хенри Пол, кој се обидувал да ги избегне папараците кои ги прогонувале несреќата принцеза и Доди по париските улици. Утврдено е дека возачот на лимузината бил пијан, а истрагата заклучила дека Дајана и Фајед би ја преживеале несреќата доколку ги носеле своите безбедносни појаси во автомобилот врзани. Меѓутоа, на удрениот “мерцедес” се пронајдени остатоци од бела боја што само долило масло во оганот бројни теории на заговор.

Мохамед Фајед, таткото на Доди, тврдеше дека зад убиството стои принц Филип кој го наредил на тајната служба MI6 убиството на Дајана и Доди за да парот на крај не се венча и не би имал дете муслиман. Токму оваа негова изјава покрена бројни теории на заговор за вистинската причина за несреќата.

Најголемата дамка на истрагата околу смртта на Дајана е фактот дека француската полиција не успеала да го пронајде возачот на споменатиот бел “фиат” кој наводно го “истуркал мерцедесот” со Дијана и Доди од патот. Меѓутоа приватната истрага покажала дека возачот од споменатиот автомобил најверојатно бил француски таксист, Ле Ван Тан.

Всушност, во 2007-ма година пар кој го загледал белиот “фиат” како излегува од тунелот за време на несреќата прегледувајќи фотограгии од можните возачи го препознале Тан кој имал бел “фиат” во тоа време.

Тој исто така имал и Ротвајлер што соодвествувало со изјавата на парот (сведоци) дека го виделе човекот со големо куче во белиот автомобил. Но дополнителен сомеж додава фактот што Ле Ван Тан го префарбал својот автомобил во црвен само неколку часа по смртоносната несреќа.

Уште поголема мистерија врз целиот случај ставила и смртта на Андансон во мај 2000-та година, која полицијата официјално ја прогласила за самоубситво. Неговото тело било пронајдено во изгорен автомобил некои шесттотини километри подалеку од дома, а на левата слепоочница имал необјаснива дупка.

Обдукцијата покажала дека дупката настанала од високата температура во запалениот автомобил, а не од куршум.

Друго сомнително лице бил и Жан-Пол Џејмс Андансон кој ја фотографирал Дајана неколку месеци пред смртта во вилата на Фајед во Сент Тропе. Андансон исто така бил сопственик на бело “фиат уно”, но француската полиција заклучила дека возилото не било во возна состојба, а Андансон го продал нешто подоцна истата година.

Ле Ван неодамна британските таблоиди го пронашле во Париз, посветен на здравиот живот и тренингот, а сега аматерски се занимава и со одибилдинг. Приватните истраги предупредувале на бројни други нелогичности за време на спасувањето.

Дајана после несреќата, од тоа дека на брзата помош и’ требале цели 17 минути да излезе на терен откако го добила првиот повик и цел еден час да ја извлечат Дајана од остатоците на возилото до тоа дека истата таа брза помош додека ја пренесувале Дајана во болница запрела на неколку минути по пат.

(tocka.com.mk)

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.