СМРТОНОСНИ НАМЕРИ: Дали секој може да биде убиец? (видео)

Сподели со своите пријатели

Како некој може да убие друг човек? Дали убијците имаат совест? Дали секој може да биде убиец? – се само дел од прашањата кои слушајќи или читајќи за некој злочин сигурно си ги имате поставено.

Научниците се обиделе да навлезат во умот на убијците за да откријат на кој начин тие сами си ги оправдуваат злочините кои ги починиле. Во студијата на Универзитетот Монаш скениран е мозок на испитаник и откриено дека клучна улога во процесот има страничниот орбитофронтален кортекс, кој се активира во зависност од тоа дали поединецот мисли дека злочинот е оправдан или не.

Експертите тврдат дека резултатите од истражувањето пружаат увид во тоа како луѓето во одредени ситуации, како војна, можат да направат ужасни злочини. Испитаниците при еден експеримент играле многу реалистична воена игра во која имале задача да убиваат цивили и војници, при што биле снимани функциите на нивниот мозок.

Кај убивањето цивили и визуелизирање на истото, страничниот орбитофронтален кортекс покажал значително поголема актвиност. Така тој дел станува одговорен за моралот, односно се активира ако е потребно оправдување за злочинот, додека кај убивањето на војниците не била забележана никаква активност.

Мозокот има одбрамбени механизми со кои се штити од осуда, оправдувајќи ги злочините. На ист принцип функционира секој мозок, што објаснува зошто убијците немаат грижа на совеста, односно сами себе се чинат безчувствителни – вели Паскал Моенбергс, автор на истражувањето.

Кога луѓето своите постапки ги сметаат за оправдани, во орбитофронталниот кортекс на мозокот нема активност, но таа се јавува ако мораме семе да си ги орпавдаме лошите дела.

Во видеото подолу погледнете како функционира мозокот на сериски убиец.

https://youtu.be/mzUsaXfSQDY

Loading...