Во Австралија откриен е отровен вид печурка, која влијае на намалување на мозкот.
Отровната огнена корална габа (Podstroma cornu-damae) беше пронајдена од фотографот Реј Палмер додека истражуваше дождовни шуми во Редлинс, Карнс (Квинсленд).
Во Јапонија и Јужна Кореја претходно се пријавени случаи на смртоносно труење портокалови печурки, но сега за прв пат е забележано во Австралија.
ПАНИКА ВО ЈАПОНИЈА: Пакети од неисчистена смртоносна риба продадени во супермаркет
Тоа е единствениот вид печурка што може да зарази лице преку кожата, и се смета за втора најтоксична печурка во светот.
Конзумирањето или едноставно допирање на оваа печурка може да доведе до откажување на органите и оштетување на мозокот со фатални последици.
Допирањето на огнената корална габа предизвикува дерамитис (црвенило и оток на кожата), а неговото јадење предизвикува симптоми како што се болки во стомакот, повраќање, дијареја, треска и пецкање.
Сепак, ова не е сè: по првичните симптоми, кожата на лицето, рацете и стапалата почнува да пука, а мозокот се намалува. Последиците се „изменета перцепција, нарушено движење и говор“.
Веднаш исфрлете го оваа растение од дома: Неговите отровни листови можат да ве убијат за 15 минути
Овој вид печурка најчесто расте на корените на дрвјата и земјата околу нив, главно на планините на Јапонија и Јужна Кореја, но има и во Индонезија и Папуа Нова Гвинеја.
Печурката е толку опасна што Палмер не сака да ја открие точната локација.
„Се наоѓа во дивината, на многу скриено место“, вели тој.