СМРТНИ НЕПРИЈАТЕЛИ: Хороскопски знаци кои тешко се поднесуваат!

Сподели со своите пријатели

Различни хороскопски знаци имаат различни карактеристики, а некои едноставно не одат заедно.

Loading...

Откријте што вели Зодијакот за тоа од кого треба да се држите настрана бидејќи ќе ви биде тешко да најдете „заеднички јазик“.

 

 

  1. Близнаци и Близнаци

Ова е еден знак кој навистина тешко може „сам со себе”. Тие носат две личности во себе и постојано одат по фината линија помеѓу нормалното и лудилото.

Кога имате двајца Близнаци, пред вас има две можни ситуации – тие или ќе бидат најдобри пријатели или најлоши непријатели. Тие немаат „златна средина“.

  1. Скорпија и Водолија

Ако сакаме да бидеме целосно искрени, Скорпиите навистина немаат пријатели во Зодијакот, и тоа затоа што тие се баш такви.

Loading...

Но, ако сакаме да најдеме еден знак со кој Скорпијата тешко би можела да се поднесе, тогаш тоа би бил Водолија.

Проблемот е во тоа што Водолијата е премногу опуштена, премногу слободоумна и каприциозна и тоа ги полудува Скорпиите. Нивната нетолеранција е меѓусебна и Водолиите подеднакво не можат да ја поднесат Скорпијата.

 

 

  1. Вага и Овен

Вагите сакаат да имаат „глава во облаците“ и сè во нивниот свет е убаво и во рамнотежа.

Тука се судираат световите бидејќи Вагите се знак што сака да го зачува мирот, а Овенот е тврдоглав и секогаш мора да биде во право.

Иако тие често се непријатели, тие сепак се почитуваат едни со други затоа што се разбираат на начин на кој другите ликови не можат да ги сфатат.

Loading...
  1. Лав и Бик

Иако Лавот и Бикот можат да имаат добра љубовна врска затоа што спротивностите се привлекуваат, пријателството сепак ќе биде малку потешко да се одржи.

Потребата на Лав да биде лојален се спротивставува на потребата на Бикот да стори сé што е потребно за да го добие она што го сака.

Покрај тоа, храброста на Лавот и тврдоглавоста на Бикот не се добра комбинација, во исто време тие се многу слични и многу различни.

 

 

  1. Рак и Риби

Двата знака се многу чувствителни, дури толку многу што може да се наречат преосетливи, па затоа многумина веднаш би помислиле дека се „создадени едни за други“. Па, не.

Тие се разликуваат во тоа како се справуваат со своите чувства. Додека Ракот ги голта своите чувства и ги чува длабоко во себе, Рибите се сосема спротивни и не се срамат да им покажат на сите што и како се чувствуваат во одредено време.

Loading...

Ова е причината зошто овие два знака се често непријатели затоа што не можат да поднесат како другиот се справува со емоциите.

  1. Овен и Овен

Освен со Близнаци, на Овенот му е тешко и со „самиот себе“.

Само замислете ситуација кога двајца Овни ќе се закаќат околу нешто, на сите им е јасно дека ниту еден нема да попушти и да признае дека греши, а тоа води до целосна катастрофа.

Тие се во состојба да се расправаат и да се гледаат попреку меѓусебно со децении, пишува Your Tango.

Leave a Reply