Сметките за ѓубрарина од следниот месец со нови цени

Сподели со своите пријатели

Граѓаните на Куманово од следниот месец за изнесување на сметот кон Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ ќе плаќаат по новата ценовна методологија која минатата недела ја изгласаа општинските советници.

Loading...

Досега сметките беа паушални во износ од 182 денари, додека со новата методологија ќе се плаќа од квадратен метар на објектот. Така за приградските населби и села ќе се пресметува цена од 2 денари по квадрат, додека во градежниот реон цената ќе изнесува 3 денари за квадратен метар простор.

– Ние како јавно претпријатие се обидовме да најдеме начин како да ги ставиме граѓаните во рамноправна положба, односно сметот, сметките за ѓубрарина да имаат поеднаков третман во однос на количината на изнесување на сметот и донесовме одлука да ставиме цена од два денари за изнесување на смет вон градежен реон, по метар квадратен, таа цена е дупло помала за разлика од што граѓаните во моментов за плаќаат за градежен реон, а се базира врз основа на тоа што и сметот во овој дел од градот се изнесува само еднаш неделно. Што значи оваа корекција на цени, ќе значи дека оние куќи, станбени единици кои имаат помала површина, би плаќале помала цена од онаа што е сега 180 денари, додека оние домови кои користат поголема површина од 100 квадрати односно максимално 120 би плаќале цена од 240 денари плус ДДВ, изјави директорот на ЈП „Чистота и зеленило“ Даниел Стојчевски.

Промените следуваат по жалби од граѓаните дека малите домови каде живеат еден или двајца луѓе плаќаат иста сметка со поголеми станбени објекти кои секако прават и повеќе смет.

Цената за правните субјекти согласно новата методологија ќе изнесува 5 денари од квадрат и нивниот смет ќе се изнесува еднаш неделно.

Leave a Reply