Смена во СВР Куманово: Митевски е новиот командир на ПС од Општа надлежност

Сподели со своите пријатели

На местото на Никица Петрушевски, в.д командир на Полициската станица од Општа надлежност Куманово доаѓа Игор Митевски.

Loading...

Командирот е избран на денешната седница на советот на предлог на министерот Оливер Спасовски кој што достави список од тројца кандидати,  а советот избра еден.

Игор Митевски е веќе вработен во СВР Куманово, и своевремено беше назначен за раководител на смена, како и помошник командир во ПС од Општа надлежност.

Митевски е со повеќегодишно работно искуство во МВР.

фото: КумановоЊуз


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.