Смаиловиќ: Борбата за профит во Македонија ги остави бегалците без греење 24 часа (фото)

Сподели со своите пријатели

Сиромаштијата меѓу народот и институциите уште еднаш се одби од најранливите, т.е од бегалците, вели за Кумановски Муабети, граѓанскиот активист Мерсиха Смаиловиќ, коментирајќи го завчерашното задржување на бегалците без греење во ТЦ “Винојуг”- Гевгелија, откако такси превозниците повторно ги блокираа пругите кои водат кон северната граница на Македонија.

1972551_1116037031753637_527348042253799032_n

Loading...

Според Смаиловиќ, повластената одлука на Координтативното тело со кое раководи Никола Тодоров има донесено уште една одлука спротивна на Законите, а тоа е ставање на Македонски железници во повластена позиција.

Со приморување на бегалците единствено да го користат возот како превозно средство за транспорт долж Македонија, и зголемување на цената на билетот за 300%, не смени ништо, освен што условите во возовите останаа исти, а кои услови се максимално нехумани. Го разбирам револтот на таксистите, но не го оправдувам начинот. Бегалците заради борбата за профит, вчера поминаа 24 h.во студениот камп. Мали деца, бебиња, бремени жени, стари луѓе, спиеа на бетон, на клупи, земја…. Кој ќе им ја надокнади преживеаната траума? Зошто наместо да им олеснат, надлежните повторно го комплицираат нивниот превоз?

1722924_1116016288422378_4023856103251774423_n

Цела година, како што додава Смајловиќ , невладини организации и поединци, се борат со сета сила да помогнат, т.е да ја олеснат бегалската криза, и на тој начин да ја покажат хуманоста на народот во Македонија.

За жал, онемевме и се чувстуваме засрамено пред сите бегалци денес кои беспомошно не` гледаа во кампот во Гевгелија. Бараме итно и трајно да се реши проблемот со превозот и да почнеме да глумиме држава и институција. Греење во кампот, соодветно, чија намена ќе биде затоплувањето а не само украс. Бегалците од нас не бараат милост, бидејќи тие регуларно си го плаќаат екстремно скапиот превоз, вели Смаиловиќ.

Во меѓувреме, и Народниот правобранител изрази загриженост откако повеќе од 1500 бегалци во Прифатниот центар „Винојуг“ Гевгелија цел ден и цела ноќ ја поминаа на отворено.

Причина за нехуманиот третман на бегалците, како што наведува Мемети е затворање на двата големи монтажни шатори како и блокирањето на железничката пруга од страна на такси возилата, со препорака итно да се овозможи непречен транспорт на сите бегалци до ТЦ  „Табановце“ со користење на сите превозни средства.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.