Службениците на ЕУ си ги зголемија платите во време на криза

Сподели со своите пријатели

Во услови на криза, кога граѓаните се изложени на зголемување на цените и намалување на куповната моќ, бирократите од ЕУ ја зголемуваат платата за 6,9 отсто.

Во внатрешниот документ на директорот за финансии на ЕУ, кој згрижува 50.000 вработени, се предвидува ова значително зголемување, поради што многу земји се побунија и бараат да се напушти, пишува виенскиот дневен весник „Естеррајх“.

Зголемувањето на платите е последица на автоматскиот процес на прилагодување на платата кон инфлацијата во Белгија и Луксембург.

Врз основа на ова, од 1 јули ретроактивно би се зголемила основната плата на функционерите на ЕУ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Таен напад врз најсилниот нарко картел во светот: Уапсени над 600 лица!

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, врз основа на тоа зголемување би добила плата повисока за цели 2.015 евра, еврокомесарите за 1.643 евра, а пратениците во Европскиот парламент би добиле 632 евра повеќе.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.