Додека работел на одржување на авионот Ф-16, во воената база во Белгија, еден механичар случајно отворил оган на друг авион Ф-16 на пистата и го унштил, пишува „Бизнис инсајдер“.
До инцидент дошло во белгиската воздухопловна база во Флорен, на југот на Белгија, откако механичарот случајно активирал топ на леталото на кое работел.
Белгиските воздухопловни сили потврдиле дека дошло до пожар во базата при зафати за одржување на авионот, во кој еден се запалил, а уште еден е оштетен, но не споменале дали причината за инцидентот е тоа што било пукано од топ.
Се обидел да влезе во „Област 51“, но многу бргу зажали за тоа (видео)

