Еден британски полицаец првин верувал дека таткото на Гери Мекен е вмешан во исчезнувањето на својата ќерка Медлин. Девојчето е изчезнато од 2007 година, а тој случај и натаму мачи многу истражувачи ширум светот.
Новата документарна серија „Исчезнувањето на медлин Мекен“ се обидува да ги пружи одговорите на клучните прашања.
Нејзините родители и натаму веруваат дека таа е жива, но тоа е само една од теориите. Со години се сметало дека завршила во рацете на трговци со луѓе.
Родителите на исчезнатото девојче Кејт и Гери Мекен одбиле да учествуваат во снимањето, а извор близок на парот вели дека тие се „ужаснати“ што серијата се снима без нивно одобрение.
Во серијата ќе бидат прикажани и интервјуа со британскиот полицаец Џими Гембл кој и натаму верува дека овој случај ќе биде решен „за време на неговиот живот“.
– Целосно верувам дека за време на мојот живот ќе се открие што се случи со Медлин. Секоја година технологијата и анализите на примероците на ДНК се подобруваат, рекол Гембл.
Тој во почетокот верувал дека родителите се вмешани во целиот случај, но потоа се премислил.
Други истражувачи сметаат дека девојчето е живо ја држат трговци со луѓе поради нејзината финансиска вредност како „британско девојче од средна класа“.
Приватниот истражувач Хулијан Перибанес, кого го изнајмило семејтсвото, вели дека тргоците со луѓе обично за цел имаат деца од ниски слоеви на општеството од земјите на третиот свет.
– Вредноста на Медлин Мекен е голема, ако ја киднапирале, би земале доста пари, рекол тој.
Едно од клучните интервјуа во документарецот го дал поранешниот шеф на полицијата во Португалија Гонкало Амарал. Тој тврди дека Медлин е мртва и дека нејзините родители го исценирале киднапирањето. Тој дури ги обвинува родителите дека ја прекприле случајната смрт на ќерката во одморалиштето во Португалија пред скоро 12 години.
Кејт Мекен во својата книга, објавена во 2011 година, напишала дека Амарал и предизвикал многу болка поради начинот на кој ја третирал нејзината ќерка и потрагата по неа.
Од друга страна, и Амарал напишал книга и навел дека Меди случајно починала во апартманот или по грешка и дале прекумерна доза на седативи. Неговите тврдења се баизраат на соопштението на португалската полиција кои се отворнеи за јавноста.
Родителите ги негирале овие бовинувања и го опишале Амарал како опседнат, манипулативен човек. 59-годишниот Амарал подоцна ги обвинил Кејт и Гери за развод и уништена кариера, откако го тужеле во јуни 2009 година.
Најпознатиот случај за исчезнување на дете во светот во мај ќе наполни 12 години.
Малата Медлин, исчезна во мај 2007 година од хотелска соба во одморалиште во Португалија. Нејзините родители вечерале со пријателите во блискиот ресторан, а Меди спиела во собата со братот и сестрата, близнаците Шон и Амела.
Родителите ги проверувале на секои половина час. Кога се вратиле во собата, девојчето не било во креветот, а прозорецот бил отворен. Денес таа би имала 16 години.