Словачка ѝ донираше на Украина пет воени хеликоптери Ми од советско производство и илјадници повеќецевни ракети „Град“, соопшти денеска министерот за одбрана Јарослав Наѓ.
„Со задоволство можам да потврдам дека илјадници словачки ракети „Град“ од 122 мм и пет хеликоптери Ми се безбедно донирани на украинските вооружени сили“, напиша Наѓ на Твитер по состанокот на министрите за одбрана на НАТО и другите западни земји во Брисел.
Како што прецизираше, испораката вклучува четири хеликоптери М1-17 и еден хеликоптер Ми-2, а во словачките сили веќе се заменети со хеликоптери „УХ-60 Блек Хок“ од американско производство.
Членка на НАТО и западен сосед на Украина, Словачка силно ја поддржува одбраната на Украина од руската инвазија и претходно донирала друга воена опрема и муниција, вклучувајќи го и системот за воздушна одбрана С-300, според Ројтерс.