Среќата не е запишана, таа се создава. Поголемиот дел од луѓето на сите можни начини се обидуваат да го оплеменат животот. Древното кинеско верување фенг шуи дава насоки на кој начин човекот може да го уреди просторотза да има спокој и среќа во домот.
Дури и луѓетокои не ги познаваат правилата на фенг шуи слушнале за фигуите на слон, кои денеска се продаваат на секој чекор, дека ја обезбедуваат среќата. Овој украс е моќна заштита за становите и куќите, но како тврдат познавачите тоа се фигури кои можат да привлечат и пари. Сурлата на слонот мора да биде крената нагоре.
Тој треба да се позиционира да биде свртен кон влезот во домот, за да благосостојбата може да влезе во животниот простор. Поединци имаат и ритуал кон крајот на месецот слончето од керамика или дрво го честат со паричка или кованица и ја сместуваат во сурат, а секој следен месец ги заменуваат со нова. Се верува дека овој ритуал обезбедува прилив на пари.
Зошто според фенг шуи во спалната соба не треба да имате огледало?