Следува стабилно и суво време, но со многу ниски утрински температури

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и студено со умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време со комбинација од слаби врнежи од снег, но и сончеви периоди. Ќе дува умерено засилен ветер од северен, односно северозападен правец. Максималната дневна температура се очекува да достигне само еден степен над нулата.

 

Loading...

 

Во текот на ноќта температурата ќе се спушти и до 8 степени целзиусови.

Како што појаснуваат од УХМР, од денеска следува период на стабилно, суво и ветровито време со умерен до засилен северен ветер.

Минималните температури насекаде ќе бидат под нулата, а најстудено ќе биде во четврток и петок кога утринските температури на места ќе се спуштат и под -10 степени.

 

Никола Ивановски