Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната од 1 до 8 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец. температурата во утринските часови ќе се движи околу два степени, додека максималната дневна се очекува да се искачи до третиот степен целзиусов.
Следува период на умерено до значително облачно и студено време со умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието.
Во петок и во сабота ќе има повремени локални врнежи од снег.
Никола Ивановски