Следува период на топло време, но со нестабилност во попладневните часови

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен променлив ветер.

Loading...

Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Во попладневните часови се очекува зголемување на облачноста и нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи околу 14 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 30 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Како што додаваат од УХМР, следува период на топло време со изолирана појава на нестабилност во попладневните часови со краткотраен пороен дожд и грмежи, особено за време на викендот.

 

Никола Ивановски