Следува период на стабилно време со пораст на дневната температура

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде умерено, повремено значително облачно.

Loading...

Во крајните западни и крајните источни делови ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови повремено засилен југозападен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време со услови за слаб дожд во попладневните часови. Утринската температура ќе изнесува 10, а максималната дневна 23 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Како што додаваат од УХМР, следува период на стабилно време со благ пораст на дневната температура.

 

 

Никола Ивановски

Leave a Reply