Следува период на стабилно и суво време

Сподели со своите пријатели

Како што јавуваат синоптиларите од УХМР денеска може да очекуваме сончево време со мала до умерена облачност и слаб ветер од северен правец.

Loading...

По одделни котлини и планински превои има мала веројатност за појава на утринска магла и ниска облачност. Минималната температура ќе се движи ов интервал од 0 до 7, а максималната дневна од 15 до 20 степени целзиусови.

Што се однесува до Куманово и околината по студеното утро и температура од два степени, не очекува сончев ден со максимална дневна температура од 16 степени целзиусови, а ветерот за разлика од изминатите неколку денови денеска ќе го нема.

Како што додаваат од УХМР, следува период на стабилно и суво време. Утрата ќе бидат релативно студени, а по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и ниска облачност, особено во понеделник.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.