Следува период на променливо облачно и постудено време

Сподели со своите пријатели

Променливо облачно, во западните и јужните делови со сончеви периоди е прогнозата на синоптичарите за денеска.

Loading...

Во северните и североисточните делови претежно на планините и на повисоките места ќе има услови за слаб снег.

Ќе дува умерен, а на југоистокот повремено засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со малку сонце. Ќе дува слаб ветер од северен правец, а максималната дневна температура ќе достигне 7 степени.

Следува период на променливо облачно и постудено време со сончеви периоди.

Ќе дува умерен до засилен, а вдолж Повардарието повремено силен северозападен ветер. Во северните делови на повисоките места и на планините ќе има услови за повремен снег, a во сабота повремен снег ќе има и во пониските места.

Leave a Reply