Следната година два нови iPhone X модели

Сподели со своите пријатели

Актуелниот iPhone X има димензии 143.6×70.9×7.7 mm и тежи 174 грама, што го прави полесен од iPhone 8 plus моделот, но потежок од iPhone 8.

Следната година ќе дебитираат два нови iPhone Х модели, модели од 5,8 инчи и 6,5 инчи кои ќе дојдат со edge-to-edge OLED дисплеј.

Како iPhone 8 поднесува гребење, палење и превиткување? (видео)

Loading...

Моделот со 6,5 инчи ќе биде претставен како iPhone Х Plus; како што и кај претходникот досега беше со поголеми итерации.

Покрај двата телефони, во понуда ќе биде и модел од 6,2 инчи со TFT-LCD кој би требало да цели на публиката од средна категорија: исто така ќе има напредна камера и Face ID функција. Овој модел веројатно ќе пружи нешто поскромно корисничко искуство во споредба со 5,8 инчниот и 6,5 инчниот модел кои доаѓаат со OLED дисплеј.

Како iPhone 8 поднесува гребење, палење и превиткување? (видео)

Планот за iPhone Х за средијата 2018 на аналитичарите им го предал Минг Чи Куо, а во кој се наведува дека 6,5 инчниот OLED iPhone ќе биде објавен во втората половина од 2018 година, како iPhone Х Plus варијанта во однос на стандардниот iPhone  со додатокот edge-to-edge OLED дисплеј.

Мин Чи Куо наведува дека Apple значително ќе ја зголеми продажбата, со оглед дека добавувачите ќе ги подобрат проблемите со набавката која предизвика големо одложување на производството на новиот iPhone Х модел.

Како iPhone 8 поднесува гребење, палење и превиткување? (видео)

КУО исто така вели дека сите останати iPhone уреди ќе имаат Touch ID технологија за новиот Face ID.

Apple наведува дека во случај функцијата Face ID да биде добро прифатена кај корисниците при објавувањето на iPhone Х мотелот, таа функција би можела да биде присутна и на сите уреди кои ќе бидат објавени во 2018 година.