„Следна станица: Европа“ – конференција за човекови права, правда и антикорупција

Сподели со своите пријатели

ЦИВИЛ денеска ќе одржи Конференција за човекови права, правда и антикорупција „Следна Станица: Европа“ на Меѓународниот ден на човековите права. Конференцијата ќе се одржи во две сесии. Првата сесија од конференцијата е со наслов „Правда и владеење на правото“, а во неа учествуваат министерот за правда Бојан Маричиќ и универзитетскиот професор Александар Спасов.

Loading...

Втората сесија од конференцијата носи наслов „Борба против корупцијата“, а во неа ќе учествуваат заменик премиерот за борба против корупцијата и криминалот Љупчо Николовски, политичкиот аналитичар и универзитетски професор Сашо Орданоски и универзитетската професорка Јасна Бачовска. Модератор и учесник на конференцијата ќе биде Џабир Дерала од ЦИВИЛ.

Конференцијата ќе биде емитувана во живо на Фејсбук страницата, како и YouTube видео каналот на ЦИВИЛ.

Настанот се организира во рамките на Фестивалот на слободата кој започна на 25 ноември, кога организацијата работно одбележа 21 година од постоењето. Во временскиот период на одржување на Фестивалот, влегуваат и Меѓународниот ден на правата на лицата со посебни потреби (3 декември) и Меѓународниот ден на борбата против корупцијата (9 декември).

Настанот е дел од проектот „Европа е наш дом“, поддржан од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија. Фестивалот на слободата е мултимедијален настан во рамките на проектот „Граѓански објектив“, поддржан од National Endowment for Democracy (САД), како и од Програмата Цивика Мобилитас, поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Симона Митровска

Leave a Reply