Скратувањето на сонот го старее мозокот

Сподели со своите пријатели

Возрасните луѓе кои не спијат доволно, го забрзуваат процесот на стареење на мозокот.

Ова го покажуваат резултатите на истражувањето на сингапурски научници. Во истражувањето учествувале луѓе на возраст над 55 години, Со помош на магнетна резонанца научниците откриле дека кај скратување на сонот само со еден час умствените способности на учесниците се намалени за 0,67 отсто на годишна база во споредба со луѓето кои спијат колку што е потребно.

Зошто непреспиената ноќ предизвикува глад?

Loading...

Така недостатокот на сон се поврзува со зголемената мозочна атрофија и намалувањето на когнитивните функции во текот на годините. Утврдено е исто така дека за оптимално функционирање на мозокот се потребни осум часа сон, тврдат научниците.