Скратена настава за учениците ден пред изборите

Сподели со своите пријатели

Наставата во учебната 2023/2024 година ќе се реализира целосно како што предвидуваат  плановите за организација на работата на основните и средните училишта.

Loading...

Иако гласањето во рамки на првиот и вториот изборен круг е закажано во работни денови, учениците нема да изгубат од наставата и да пропуштат дел од наставниот материјал.

Министерството за образование и наука информира дека 23 април и 7 мај, односно деновите пред гласањето ќе бидат работни за сите училишта. При тоа, во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес, наставата ќе се реализира од 7:00 до 11:00 часот, со скратени наставни часови за сите одделенија, односно класови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски ги соопшти условите за формирање на идна Влада

Во останатите училишта каде не се спроведува гласање, наставата се реализира вообичаено и согласно предвидениот дневен распоред.

Потсетуваме дека наставната година за учениците од средните училишта трае до 10 јуни, додека за учениците од основните училишта до 17 јуни.

Интегрално соопштение