Скоро сите поголеми училишта во Куманово ја адаптираа инфраструктурата за учениците со тешкотии

Сподели со своите пријатели

Скоро сите поголеми училишта во Куманово ја адаптираа инфраструктурата за учениците со тешкотии, соопштија денеска од секторот за образование.

Loading...

Процесот ќе трае, бидејќи во градот има 21 правен субјект и околу 50 училишта. Побавно оди процесот во подрачните училишта во руралните средини.

– Процесот на инклузија е долг кој бара ангажман, почнавме со адаптирање на училиштата за учениците со попреченост. Ниту едно од училиштата немаше пристапна рампа, инклузивен тоалет, итн. Успеваме да ги завршиме во општинските основни и централни училишта и средните. Но наставата се изведува во правен субјект или околу 50 објекти во кои се изведува настава. Ни остануваат подрачните од основните училишта да се приспособат, изјави раководителот на секторот, Александар Јовановиќ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Грк приведен на Табановце поради нудење поткуп

Онаму каде што не постои можност за изградба на лифт, кумановските училишта можат да побараат т.н. „гасеничар“.

Од секторот велат дека сè поголем е бројот на ученици кои имаат потреба од образовен или личен асистент. Од лани, како олеснување функционира подрачна канцеларија на Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје, сместена во општинското училиште „Вук Караџиќ“.

– Лично сметавме дека процесот ќе се забрза, но од друга страна од комисија ни е посочено дека тие имаат дополнителен проблем со кадар, бидејќи има голем број на ученици, не само од Куманово, туку и од соседните таа проценка оди споро. Лично како сектор се обративме до комисијата процесот да се забрза, родителите не можат да чекаат а тие се што одлучуваат за образовни асистенти. Ставот е образовни асистенти или личен асистент да биде одобрен согласно потребите на ученикот, а како еден од условите е паралелката да биде побројна за да има образовен асистент, изјави Јовановиќ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ нови цени на горивата

МИА